15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најсурови на боиштето – Албанци од Косово формирале етнички чиста единица во Сирија

Извесен број Албанци од Косово кои ѝ се придружиле на Исламска држава и продолжуваат да војуваат во Сирија собрани се во една етнички чиста единица под називот „борбена група“, која се смета за најсурова на сириските боишта.

Како што пишува порталот „Газета Метро“ , ова е забележано во извештајот на Воената академија и центар за борба против тероризмот на САД.

„Последното активно присуство на џихадисти од регионот во Сирији е етничка албанска единица во рамките на ХТС. Албанска група е ‘Катиба’ (борбена единица), што ја сочинуваат етнички албански борци кои дејствуваат околу северозападната сириска провинција Идлиб“, се наведува во извештајот, а пренесува приштинска „Газета експрес“.

Припадниците на ИД од другите земји на Западен Балкан војуваат во Сирија обединети во припадниците на други народи, а само Албанците имаат своја етнички чиста единица која е добро подготвена и е во одлична воена форма.

Моноетничката единица на Албанците има своја командна структура, што укажува дека нивниот број не е занемарлив.

Во извештајот се наведува и дека, за разлика од другите земји на Западен Балкан кои на борците од странските боишта им изрекуваат строги казни кога ќе се вратат дома, Приштина во тој поглед е толерантна и просечната казна затвор која им се изрекува е околу 3,5 години. Како резултат на тоа, околу 40 отсто од осудените за тероризам на Косово веќе ги отслужиле тие казни и се ослободени.

Спонзорирано: