23.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени беше почувствуван денеска на североисточниот брег во Јапонија, но не е издадено предупредување за цунами, соопшти јапонската метеоролошка служба.

Епицентарот на земјотресот што се случи во 7.23 часот по локално време бил недалеку од Фукушима, на длабочина од 50 километри.

Нема извештаи за материјална штета.

Земјотресите се чести во Јапонија, која се смета дека се наоѓа на едно од сеизмички најактивните подрачја во светот.