22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду го напушти собранието во знак на протест

Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду , која беше поканета на седницата на Собранието за положување заклетва на Гордана Силијановска, си замина во знак на протест поради тоа што таа за време на нејзината заклетва ја нарече земјата „Македонија“, пишува грчкиот нациоанален сервис ЕРТ.

Седумдесет и едногодишната Гордана Силијановска е избрана за претседател на Македонија во вториот круг од претседателските избори одржани во среда на 8 мај, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, победувајќи го актуелниот претседател на државата Стево Пентаровски со процент од 65%.