10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ангеловски: Граѓаните да пријават ако полициски или царински службеник им побара мито

Секој граѓанин, ако од него полициски или царински службеник побара мито, да го пријави случајот во МВР, апелираше денеска портпаролот, Тони Ангеловски.

-Нашиот Оддел за внатрешна контрола веднаш ќе реагира. Заедно да ги сузбиеме овие несакани појави. Ние преземаме мерки против сите службеници. Минатата недела имавме акција против царински служебници, сега имаме за полициски службеници, соопшти попладнево за медиумите, портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информирајќи за денешното приведување на петмината полицајци од граничниот премин „Богородица“.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР по добиени оперативни сознанија за незаконито постапување на полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде оперативно тактички мерки и дејствија при што кај полициски службеници пронајде и одзеде денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци. Полициските службеници М.М. (50), С.O.(36), Р.С. (41), M.K (37) и Д.Д (41) се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, по што во текот на денот заедно со доказниот материјал ќе бидат предадени на надлежниот јавен обвинител“, соопшти утрово македонската полиција.

Ангелковски рече дека полицијата продолжува со конктунирани проверки.

Спонзорирано: