23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Мицкоски на одмор во скапата Хрватска, соопшти лидерот на ДПМНЕ од луксузната прес сала распослана со скапи теписи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од утре заминува на одмор во Хрватска. Тој на денешната прес-конференција оддржана во луксузната бела палата која е предмет на мега обвинение, во луксузната прес сала распослана со скапи теписи и лукс инвентар каков што може да позавифат и имашните, запрашан од новинарите зошто не е на одмор, како што беше објавено, рече дека не му е јасно од кои причини некои медуми го изедначиле неговиот одмор со одморот на премиерот Зоран Заев.

-Утре заминувам со моето семејство во Хрватска. Тоа е местото каде што јас сум поминувал голем дел од одморите како дете. Таму не носеле моите родители мене и мојата помлада сестра. Тие спомени останале и јас сакам сега со сопругата и двата сина дел од мојот годиштен одмор да го поминам токму во Хрватска – рече Мицкоски.

https://www.facebook.com/kurir/videos/1558050584330970?s=100002024352870&v=e&sfns=mo
видео: Курир/фејсбук