11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се пишмани – Избори не сега, тулу во април или мај 2020

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на пред конференција од луксузната палата и прес салата која располага со скапи и луксузни предмети и инвентар, ја соопшти атмосферата на средбите меѓу работните групи од власта и опозицијата, велејќи дека на тие средби се забележува чувство на одмазда и атак кон ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски вели дека е оптимист и дека очекува да се постигне договор за Законот за јавно обвинителство, кој ќе го одреди идниот статус на СЈО.

-Јас сакам да бидам оптиписта и верувам дека ќе се вразуми влста и ќе го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Свесен сум дека ќе излезат со коментари, свесен сум дека во овие месеци се случува насилна пресметка со опозицијата, но ние имаме принципиелен став и не се плашиме да се соочиме со фактите од спротивната страна. Но тие преговори, посебно од изготвување на тој закон, изобилуваат со изразено чувство за одмазда, атак и пресметка со неистомислениците – рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека паралелно се одвиваат и средби меѓу работните групи за пописот и за измените во Изборниот законик, но одби да каже кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за промената на изборниот модел.

За предвремени избори Мицкоски рече дека ги очекуваат час поскоро и дека понудиле два датуми, или на почетокот на април, почитувајќи ги Велигденските празници, или до крајот на мај, имајќи го во предвид празникот Рамазан. Интересно е што постојано од ДПМНЕ бараа избори веднаш, дали ова значи ретерирање?