23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото архива/илустрација/Pixabay
СВЕТ

Почнува судењето за сообраќајната несреќа кај Ласкарци

Кривичниот суд во Скопје целосно го одобри обвинителниот акт за сообраќајната несреќа што во февруари годинава се случи кај селото Ласкарци по што е формиран кривично-правен предмет.

„Во однос на повеќе новинарски прашања за обвинителниот акт КО 778/19, поврзан со сообраќајната несреќа што на 13 февруари 2019 година се случи кај селото Ласкарци, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителниот акт, по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во актот, донесе решение со кое обвинението го одобри во целост“, информираат од Кривичниот суд.

Во несреќата кај Ласкарци загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.