Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МВР: Ригорозно ќе реагираме на сите обиди за нарушување на јавниот мир за Илинден

Министерството за внатрешни работи повикува на достинствена прослава на празникот Илинден, како што прилега на чествување на толку значаен датум од нашата историја.

Министерството апелира до граѓаните, особено оние што ќе присуствуваат на организираните прослави, да го почитуваат јавниот ред и мир. Полицијата во согласност со законските обврски и надлежности ригорозно ќе реагира на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните.

Со начинот на кој ќе го прославиме овој голем ден достоинствено и чесно да покажеме дека ја почитуваме историјата и ја сакаме сопствената татковина, се додава во апелот.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК