11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Холандија без бурки и никаб во јавните згради и сообраќајот

Според законот што стапи во сила во Холандија, забрането е да се носи облека што го прекрива лицето, како што се бурки и никаб, и тоа во јавниот сообраќај, владините згради, здравствените и образовните институции.

Холандија, која долго се смета за бастион на толеранцијата и верските слободи, е последна во низата европски земји што воведоа таква забрана.

Според неа, тоа го направиле Франција, Германија, Белгија, Австрија и Данска.

Муслиманските групи за човекови права се спротивставија на законот чие официјално име е делумна забрана за облека што го прикрива лицето.

Исламската политичка партија од Ротердам најави дека ќе плати казна од 150 евра за секој што ќе биде фатен дека го прекршил законот.