24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Срби и Турчин глумеле полицајци во Виена, од пензионери украле 2 и пол милиони евра

Тројца измамници кои се претставувале како полицајци убедиле десетици пензионери од Виена да им ги предадат своите заштеди на чување, при што стигнале до вкупен износ од 2,5 милиони евра, соопшти полицијата во австрискиот главен град.

Криминалците низ Европа со месеци наназад ја користат оваа измама, но тројцата мажи уапсени во Австрија, од кои двајца Срби и еден турски државјанин, се чини дека работеле независно од мрежата во други земји, изјави портпарол на полицијата за германската новинска агенција ДПА.

Од ноември, тројцата мажи им телефонирале на пензионери претставувајќи се како агенти од криминалистичката полиција кои работат на случаи на провала.

Да бидат убедливи во тоа, користеле манипулирани телефонски линии, прикажувајќи го австрискиот број за итни повици во полиција – 133. Кога еден од осомничените ќе успеел во обидот да ја убеди својата жртва дека е побезбедно доколку својата заштеда ја предаде во полиција, неговиот соучесник веќе бил на вратата на пензионерот, со лажна полициска значка, подготвен да ги собере парите.

Полицијата објави дека не сите пензионери наседнале на оваа измама, но од неколку стотици јавувања, криминалците имале успех во најмалку 38 случаи.

Еден од двајцата Срби ги признал обвиненијата против него него, додека другите двајца соучесници се бранат со молчење.