11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Претседателот на Тунис примен во болница

Претседателот на Тунис, Бежи Каид Есебси, е примен во воената болница по третпат во изминатите неколку недели, објавија медиумите во земјата.

Во извештаите се наведува дека Есебси (92) бил примен во болница поради здравствени проблеми, без да се наведе за што станува збор.

Кабинетот на претседателот не објавил никакво соопштение, ниту, пак, одговорил на барањата за коментар.

Есебзи е првиот демократски избран претседател на Тунис.

Тој победи на изборите во 2014 година, по бунтот познат како „Арапска пролет”.

Тој неодамна објави дека нема да се кандидира за изборите во ноември, велејќи дека земјата треба да ја води некој помлад.

Спонзорирано: