14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 12 загинати и 34 исчезнати лица во свлечишта во Кина

Најмалку 12 лица загинаа во две свлечишта во југозападна Кина, каде што спасувачките екипи трагаат по 34 лица, објавија кинеските медиуми.

Во лизгањето на земјиштето во провинцијата Гижу, што се случи минатата ноќ, беа затрупани повеќе од 20 куќи и на тоа подрачје загинаа 11 лица. Спасувачите успеале да извлечат 11 луѓе, но трагаат по 34.

Повеќе од 800 припадници на службата за спасување биле ангажирани на теренот, каде што силниот дожд ја отежнувал операцијата за спасување, објави телевизија CCTV.

Во друго свлечиште во истата провинција загина едно лице, објави кинеската агенција „Ксинхуа“.

Спонзорирано: