10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Харадинај денеска пред пецијалниот суд во Хаг

Косовскиот премиер во заминување, Рамуш Харадинај, стигна во Хаг каде денеска ќе биде сослушан во специјалниот суд за воени злосторства. Според најавите, специјален обвинител би требало да го испита во текот на денот.

Тој во петокот поднесе оставка на местото премиер, токму поради сослушувањето пред специјалниот суд, а денеска ќе се појави пред истражителите. Не се познати следните чекори на судот во врска со Харадинај, но е познато дека тој ќе биде сослушан во својство на осомничен.

Харадинај, кој беше еден од командантите на ОВК во војната во Косово во 1998-99 година, отпатува за Хаг вчера, четири дена откако поднесе оставка од функцијата.

Ова е вторпат Харадинај да поднесува оставка од функцијата премиер заради соочување со правдата во Хаг. Првпат тоа се случи во 2005 година, кога беше обвинет за воени злосторства од Меѓународниот суд за поранешна Југославија. Тој е двапати ослободен од обвиненијата во врска со војната – првпат 2008 година и вторпат на делумно повтореното судење во 2012 година.

Спонзорирано: