Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТ

Седуммина исчезнати по поплавите во Турција

Продолжува спасувачката акција и потрага по седумтемина исчезнати по поплавите во северозападната провинција Дузџе во Турција, соопшти агенцијата „Анадолија“.

Досега, 219 лица се извлечени во месностите Акчакоџа и Џумајери, а меѓу последните седуммина исчезнати има и четири деца.

Според „Анадолија“, околу 135 лица се сместени во шелтери, а операциите за потрага и спасување ќе продолжат и понатаму.

Потрагата е фокусирана по должината на брегот од реката долга 21 километар, изјави министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу.

„Сите жители заробени во селата беа извлечени со помош на хелихоптери. Успеавме да донесеме храна и засолниште за речиси сите региони“, додава Сојлу.

Џумајери, месност во северозападната провинција Дузџе, се поплави по силните врнежи што резултираа во лизгање на земјиштето, а со тоа беа блокирани и патиштата до селата.