11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

50 имигранти преминаа во шпанската енклава Мелиља

Речиси 200 имигранти се обиделе да ја преминат безбедносната ограда што ја дели шпанската енклава Мелиља од Мароко.

Локалната канцеларија на шпанската влада соопшти дека 50-ина мигранти успеале да ја преминат бариерата, а другите 150 биле одбиени од страна на шпанските и мароканските граничари, објави АП.

Канцеларијата на владата соопшти дека еден мигрант ја скршил ногата, а шест шпански полицајци биле повредени.

Мигрантите што пристигнале на шпанската територија биле одведени во прифатниот центар, каде што можеле да бараат азил, а властите почнале процедури за враќање во земјите на потекло.

Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 јануари до 15 јули во Мелиља пристигнале 2.397 мигранти по копнен пат.

Спонзорирано: