18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами, и генералниот секретар Арјанит Хоџа.

Од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека лидерите се договориле во иднина да продолжат со ваквите средби во насока во која ќе дадат импулс во јакнење на демократскиот амбиент и заедничката борба против актуелната власт.

На средбата станало збор и за актуелната политичка состојба, за стратешките интеграции на Република Македонија, како и искористувањето на потенцијалите за соработка.

„Беше констатирано дека актуелната власт ги има закочено интеграциските процеси, кои треба да се динамизираат со крупни реформи што досега не се реализирани“, велат од опозицијата изнесувајќи ги заклучоците од средбата.

Во рамките на состанокот било посочено дека останува акутен проблем постоењето корупција на високо ниво, отворени сомнежи за криминал на раководни структури на власта, како и сериозни аномалии и отсуство на волја за воспоставување на владеење на правото и правната држава.