3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Поднесено е обвинение против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против Ел Чека за, како што се наведува, продолжено кривично дело – неовластено прислушување и тонско снимање по член 151 став, 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот при крајот на мај оваа година од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како El Cheka, објавил повеќе тонски снимени прислушувани телефонски разговори на повеќе лица. Со тоа обвинетиот им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и на други неповикани лица да се запознаат со содржината на тонски снимените разговори“, наведе Обвинителството.

Оттука додаваат дека во последно време зачестена е појавата на објавување неовластено прислушувани и снимени разговори.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија укажува дека секое објавување неовластено прислушувани разговори е кривично дело во согласност со член 151, став 2 од Кривичниот законик, во кој е пропишана казна затвор од 1 до 5 години за секој што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава што е прислушувана или тонски снимана.

Од Јавното обвинителство нагласуваат дека ваквите појави ги следат внимателно и ќе постапат во согласност со своите надлежности.

Спонзорирано: