Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен дилер од Скопје кај кого е најдена голема количина дрога

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривичнa пријавa против Д. М. (35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

„На 24.6.2019 година, околу 13.15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на домот и други простории кај пријавениот. При претресот биле пронајдени и одземени 486,06 грама амфетамин, таблети метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), марихуана и две дигитални ваги со остатоци од амфетамин, кокаин и марихуана“, се вели во соопштението.

На пронајдените предмети било извршено вештачење, а пријавениот Д. М. бил приведен во Полициската станица Центар.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

ДЕСК

Делегација на Врховниот уставен суд на Египет во билатерална посета на Уставниот суд

ДЕСК

Започна дводневната работилница за изработка на Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032

ДЕСК