14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција: Русија и Иран мора да продолжат да ги спречуваат нападите врз Идлиб

Спречувањето на нападите на режимот во Сирија е во рацете на Русија и Иран, кои се земји гаранти за мирот, изјави министерот за надворешни работи на Република Турција, само неколку часа откога режимот предводен од Башар ал-Асад ја нападна турската опсерваторија во северозападна Сирија.

Во неделата вооружени сили на режимот на Асад ја нападнаа опсерваторијата на Турција во Идлиб по што Турција го возврати нападот, соопшти министерот за одбрана на Р. Турција.

„Турција нема да ги толерира сирискиот режим и злоупотребата на своите војници“, изјави Мевлут Чавушоглу за време на инаугурацијата на кабинетот на Министерството за надворешни работи во јужната провинција Хатај на границата со Сирија.

Чавушоглу посочи дека Турција ќе му покаже на Асад каде му е местото.

И покрај тоа што Турција и Русија се согласни дека тие ќе го спречат насилството, сириските вооружени сили постојано го прекршуваат примирјето и извршуваат напади во Идлиб.

Војната во Сирија почна во 2011 година кога Асад презеде остри мерки против продемократските протести во земјата.

Оттогаш стотици илјади лица загинаа, а повеќе од 10 милиони имаат статус на бегалци, велат од Обединетите нации.