14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран ќе го надмине лимитот на ураниумските резерви од нуклеарниот договор

Иранската атомска агенција денеска потврди дека земјата набргу ќе го надмине лимитот за своите резерви од ураниум утврден во неуспешниот нуклеарен договор ЈЦПОА, договорен со Обама, пренесува „Брејтбарт“.

Портпаролот на агенцијата, Бехруз Камалванди, додаде дека Техеран исто така ќе ги зголеми нивоата на збогатување на своите ураниумски резерви врз основа на потребите на земјата.

Најавата следува по коментарите на иранскиот претседател Хасан Рохани на 15 јуни дека неговата земја ќе продолжи со намалувањето на усогласеноста со нуклеарниот договор ако другите потписници не покажат позитивни сигнали за договорот.

Американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од тој договор минатиот мај одржувајќи го ветувањето од својата предизборна кампања за прекин на договорот. Сега Иран е во трка за целосна нуклеарна самоодржливост, потврди Камалванди.

„Денес, почна одбројувањето за надминување 300 килограми резерва збогатен ураниум и за 10 дена ќе го надминеме ова ограничување“, рече тој посочувајќи го 27 јуни како датумот за кршење на клучната одредба од договорот.

Камалванди призна дека земјата веќе четирикратно го зголеми производството на ниско збогатен ураниум. Иран почна да ги зголемува нуклеарните резерви минатиот јули кога објави дека резервите од ураниум им се речиси 950 тони и покрај глобалните забрани.

Спонзорирано: