11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Индиски магионичар исчезна во река обидувајќи се да го имитира Худини

Индиските власти стравувааат дека магионичар, кој врзан со синџири скокнал во река во обид да го имитира Хари Худини, не го преживеал својот амбициозен потфат.

Поентата на целата точка била магионичарот Канхал Лахири да се ослободи од синџирите и да отплива на сигурно. Меѓутоа, тој не испливал од реката.

Набљудувачите на настанот ја известиле полицијата за исчезнувањето на магионичарот, која веднаш почнала потрага.

Лахири, познат и како Мандрек, во реката бил спуштен од чамец. Тој бил окован со синџири за чие врзување биле употребени шест катанци. Од брегот на реката неговиот потфат го следеле повеќе луѓе.

И покрај потрагата извршена од страна на полицијата и нуркачкиот тим, магионичарот до неделата вечерта не бил пронајден.

Еден од полицајците за весникот „Хиндустан тајмс“ изјавил дека Лахири не може да се прогласи за мртов додека не биде пронајдено неговото тело.

Спонзорирано: