Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Трамп лани од бизнисите заработил 434 милиони долари

Хотелите и другите објекти во сопственост на претседателот на САД, Доналд Трамп минатата година инкасирале милиони долари, а Трамп пријавил дека заработил 434 милиони долари, нешто помалку од 2017 година кога заработил 450 милиони.

Канцеларијата за етичка контрола на американската влада соопшти дека само луксузниот хотел на Трамп во Вашингтон лани заработил 41 милион долари.

Трамп одбива формално да го пренесе сопствеништвото над своите компании на други лица откако дојде на власт, а неговите критичари сметаат дека претседателот има судир на интереси, наведе „Гласот на Америка“.

Во тренд…