7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силни експлозии одекнаа во Дамаск

Силни експлозии синоќа одекнаа во Дамаск, а сириските државни медиуми јавија дека непријателски проектили доаѓаат од правец на Израел.

Сириската воздушна одбрана лоцираше објекти кои долетуваат од окупирани територии и собори дел од нив, јави сириската државна телевизија цитирајќи воени извори, пренесе „Ројтерс“.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека израелската армија извршила ракетни напади врз цел во околината на Дамаск.

Израел досега ниту ги потврди, ниту ги демантираше ваквите наводи.

Спонзорирано: