11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британски тинк-тенк се понудил да ги шпионира шведските десничарски политичари

Институтот за стратешки дијалог (ИСД), британски тинк-тенк, кој претходно побара финансиски санкции против алтернативните медиуми на Шведска, исто така ѝ понудил на Шведската агенција за вонредни ситуации (МСБ) да ги шпионира шведските десничарски политичари, пренесува шведски информативен портал „Самхалснут“.

Порталот добил пристап до електронската порака од истражувачот на ИСД, Клои Коливер, која тврдела дека откриле врски меѓу шведските десничари, инфлуенсери, кои таа ги нарекува екстремно десничарски, и Унгарија, посочувајќи го Кент Екерот од антимигрантската Шведски демократи како најочигледен пример.

„За да откриеме повеќе за овие врски, би требало да се вклучиме во повеќе офлајн-истражувачка новинарска работа. Верувам дека ќе има уште многу да се открие во однос на офлајн-врските, поддршката и финансиската поддршка што ги поврзуваат унгарските и шведските екстремно десничарски движења. Немаме многу детали за ова, но многу новинари почнаа да гледаат вистинска мрежа на поддршка изградена во Унгарија за вакви меѓународни движења,како за време на изборите така и надвор од изборите. Кажете ми дали можам да ви дадам повеќе информации за тоа“, пишува Коливер.

Оваа порака, тврди порталот, е дел од подолга кореспонденција помеѓу Коливер и претставник на МСБ. Неколку дена подоцна МСБ објави извештај на ИСД, кој предложи санкции против алтернативни медиуми, кои нудат издржани критики кон имиграцијата, како што се „Самхалснут“, „Фрија тидер“ и „Нихетер идаг“.

Кент Екерот ги претставуваше Шведските демократи во шведскиот парламент во периодот од 2010 до 2018 година и се профилира како цврст противник на исламот и имиграција. За време на својот пратенички мандат, Екерот ја поддржа депортацијата на мигрантите криминалци, идеја што оттогаш беше усвоена од радикалната Алтернатива за Шведска, која отворено се рекламира како партија за репатријација. Екерот подоцна се пресели во Будимпешта.

„Крајно сериозно е кога властите добиваат понуди да шпионираат шведски политичари во странство. Коливер го спомнува истражувачкото новинарство во својата порака, но таа не е новинар и нејзината организација не е дел од печатот. Затоа, кристално јасно е дека станува збор за политичка шпионажа против опозицијата под покровителство на МСБ. Фактот што таа постојано ги нарекува шведските политичари екстремна десница покажува дека ова е прифатен начин за комуникација со МСБ“, изјави Екерот.

Институтот за стратешки дијалог е организација со седиште во Лондон, која се претставува како тинк-тенк подготвен да се справи со растечките предизвици на насилен екстремизам, меѓуетнички конфликти и поларизација и да ги зајакне грасрут-мрежите против омразата и екстремизмот.

Спонзорирано: