Centar.mk
ЛОКАЛНО

Акција за чистење диви депонии во Скопје

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, утре, 24 април, со почеток во 10 часот, ќе почне масовна акција за чистење диви депонии.

Акцијата ќе се одвива истовремено во сите скопски општини, во неа ќе учествува администрацијата на претпријатието и општините, студентите од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор, како и средните и основните училишта.
Целта е подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии кои директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните.

Почетокот на масовната акција за чистење диви депонии ќе биде означен утре во 10 часот пред хотелот ВИП, спроти МТВ.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ – Објавени улиците за планираните прекини

ДЕСК

Градот Скопје реализираше темелно чистење на плоштадот „Македонија“, а по долгодишна запоставеност и подната фонтана повторно ќе биде во функција.

ДЕСК

Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

ДЕСК