17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Изборите во Истанбул треба да бидат поништени

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека изборната комисија во Турција би требало да ги поништи локалните избори во Истанбул поради нерегуларности, пренесе владиниот весник „Сабах“.

Ердоган разговарал со новинарите во авионот за време на враќањето од Москва и рекол дека некои од надлежните на избирачките места не биле јавни службеници, со што бил прекршен законот.

„Нашите колеги тоа го дознале. Нормално, сето ова предизвикува сомнежи. Ако искрено ја разгледаат ситуацијата, ќе дојде до поништување на изборите“, рекол Ердоган.

Турскиот претседател во понеделникот изјави дека избирачките места биле цел на организиран криминал.

Партијата на Ердоган на локалните избори во Турција ја загуби колнтролата во Анкара и Истанбул. Оттаму побараа пребројување на гласовите во Истанбул, но Комисијата го одби барањето.

Спонзорирано: