12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пендаровски во Кавадарци: Еве ги и странските инвестиции и парите во земјоделството, продолжуваме со економскиот раст

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, и канидидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски, на трибината во Кавадарци посочија на придобивките од политиките што водат напред кон НАТО и кон ЕУ, а кои веќе ги чувствуваат граѓаните, особено на економски план и водат кон развој и на земјоделството и на економијата.

„Ако минатата година беше година на интеграциите, оваа и следната година ќе бидат години на економијата што веќе бележи раст и тоа со темпо со кое не сме биле со години и тоа е поради отворените интеграции“, рече претседателскиот кандидат Пендаровски.

Тој посочи на бројката од речиси 625 милиони евра странски инвестиции што влегле во нашата држава, само за 2018 година.

„Во јуни очекуваме датум за почеток на преговорите со ЕУ, може да замислите какви сè фондови и економски можности ќе се отворат за нашата држава“, додаде тој.

Претседателот на СДСМ и премиер, Заев, посочи на повеќе бенефити за земјоделците во последниот период и порача дека е потребно да продолжат евро-атлантските интеграциски политики за да има повеќе пари во земјоделството, како и за сите граѓани европски животен стандард.

„За 2014, 2015, 2016, 2017 година исплативме 110 милиони евра заостанати субвенции, секоја година даваме паралелно 140 милиони евра субвенции, доделени се 424 гранта од по 10.000 евра, само во земјоделството“, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев, кој додаде дека државата, со вистински, исправни чекори, може да му се најде на својот народ.

„ЕУ е платено грозје, ЕУ е укината акциза за ракијата на 0 проценти“, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев. Тој од Кавадарци му одговори на Мицкоски за имињата на сите странски инвестиции.

„Нели имаше некој дрим тим во време на Груевски, во најдобрата нивна година, 2011, имале 340 милиони евра странски директни инвестиции. Еве ги 624 милиони евра странски директни инвестиции, платите се качени 8,1 процент, качено е индустриското производство, вкупниот увоз-извоз во технолошко-индустриските зони е зголемен 26 проценти“, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев, кој ги прочита имињата на многуте странски компании во земјава од разни делови од светот.

Тој додаде дека има и 200 домашни компании поддржани со 20 милиони евра од Фондот за иновации, дека Агенцијата за вработување исплатила 16,4 милиони евра за поддршка на 1.191 проект, од кои 509 за млади и 450 на жени. И дека 160 компании се поддржани преку Министерството за економија. „Драги граѓани, граѓани од Тиквешијата, да го избереме Стево Пендаровски за претседател, со кого ќе се гордееме, во горда земја, членка на НАТО и ЕУ, со економски стандард и перспективи за децата во земјата“, порача од Кавадарци претседатеот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на трибината во рамките на кампањата на Стево Пендаровски за изборите за претседател на државата.

Спонзорирано: