5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Порошенко пред изборите нарачал над 2.000 билборди со ликот на Путин

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, нарачал над 2.000 билборди на кои е прикажан лице в лице со рускиот претседател Владимир Путин за ликот на рускиот лидер да го искористи за своите политички цели.

Под фотографијата е напишано: „21 април, клучен избор. Изборот е ваш“ и дека ги нарачал кандидатот за украински претседател, Петро Порошенко, во 2.104 примероци, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Инаку, во Украина е забранета употреба на фотографии на луѓе без нивна согласност, како и користење фотографии на луѓе за време на кампањата што не се украински државјани.

Во првиот круг од претседателските избори Порошенко освои 15,95 проценти од гласовите, а комичарот Владимир Зеленски освои 30,24 проценти од гласовите.

Спонзорирано: