20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Владата одобри проект за изградба на 14 базени во државата

Владата на денешната седница одобри проект за изградба на 14 базени во државата. За оваа намена ќе бидат потрошени 30 милиони денари.

„Владата на РСМ на оваа своја седница ја разгледа и усвои информацијата за реализација на проектот за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија, со што е одобрено отпочнување постапка за склучување договор за повеќегодишна јавна набавка за изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија, а средствата потребни за оваа намена во 2019 година во вкупен износ од 30.000.000 денари да се вклопат во рамките на расположливиот буџет на Агенцијата за млади и спорт за 2019 година“, соопштија од Владата.