10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТИЗБОР

САД повикаа на итен прекин на воените операции во Либија

САД повикаa на итен прекин на воените операции во Либија, додека Либиската национална армија (ЛНА) предводена од Калиф Хафтар напредува кон главниот град Триполи.

Американскиот државен секретар на САД Мајк Помпео во соопштението наведува дека е „длабоко загрижен поради борбите во близина на Триполи”, и повика на преговори за да се реши конфликтот, објави Ројтерс.

Како што истакна, САД се противат на воената офанзива на силите на Калиф Хафтар и побараа веднаш да запрат воените операции кон либискиот главен град.

Либиското Министерство за здравство на меѓународно признатата влада објави дека 11 лица загинаа, а 23 се повредени во судири во јужниот дел на Триполи, но не прецизираше дали се цивили или војници.

ОН вчера ги повика завојуваните страни на двочасовен прекин на огнот за да се евакуираат жртвите и цивилите, но и покрај тоа конфликт продолжи.

Либија е транзитна точка за стотици илјади мигранти кои ја минуваат Сахара во надеж дека ќе дојдат до Средоземното Море и Европа.

Оганзивата на силите на Хафтар започна минатата недела, според британската агенција, и ги изненади Обединетите нации и ги поткопа плановите за изнаоѓање договор околу избори, кои треба да ја решат долготрајната нестабилност во Либија.

Спонзорирано: