10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Ние сме целосно подготвени за нова воена операција во Сирија

Анкара е целосно подготвена да започне нова воена операција во Сирија, рече турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган пред денешната официјална посета на Русија.

Според ТАСС, Ердоган изјавил дека ќе разговара за ова прашање со рускиот претседател Владимир Путин.

„Ние сме целосно подготвени, ги направивме сите потребни подготовки во областите долж сириската граница. Ќе зборувам за тоа на билатерален состанок (со Путин)”, рече Ердоган за каналот на НТВ.

Помошникот на рускиот претседател,Јуриј Ушаков, минатата недела изјави дека Путин и Ердоган ќе разговараат за ситуацијата во Сирија во контекст на американските планови за делумно повлекување на своите војници од таа земја, како и за испораката на рускиот систем за воздушна одбрана на С-400 во Турција, за темпото на изградбата на турскиот гасовод и нуклеарната електрана Акују.