11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Мицотакис: Ципрас ги предаде граѓаните на Северна Грција

Лидерот на најголемата опозициска партија во Грција, Нова демократија, Киријакос Мицотакис, рече дека по повод утрешната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Северна Македонија ќе покаже солидарност со граѓаните на северна Грција кои се чувствуваат „изневерени” со потпишувањето на преспанскиот договор меѓу Атина и Скопје, според грчкиот весник „Катимерини“.

„Тие се чувствуваат понижени од грчката влада, која го потпиша преспанскиот договор против кој гласавме”, рече Мицотакис.

Тој додаде дека неговата партија се борела против потпишувањето и ратификацијата на преспанскиот договор во грчкиот парламент, оценувајќи дека договорот создал „големи проблеми” за производите од грчкиот регион Македонија.

„Владата на Нова демократија можеше да потпише сличен договор во 2008 година”, рече Мицотакис, наведувајќи дека тоа го одбиле и покрај „силниот притисок”.

Лидерот на Нова демократија вети дека ако партијата дојде на власт ќе ги спречи негативните последици што ги носи договорот од Преспа и најави „сеопфатен план за заштита на грчките македонски производи од каков било ризик од производите на северниот сосед”.

Тој, исто така, предвиде победа на Нова демократија на претстојните избори, изјавувајќи дека грчкиот народ „нема да му даде трета шанса на господин (премиер Алексис) Ципрас“, кого го обвини за раздор во грчкото општество.