Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Две деца тешко повредени во сообраќајки

Осумгодишно дете од Прилеп е тешко повредено откако вчера во него удрил автомобил, на крстосница од улиците „Војводинска“ и „Ладо Ланецот“ во Прилеп.

Детето со тешки телесни повреди било итно пренесено во Градската болница-Прилеп каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Седумгодишно дете велосипедист е исто така тешко повредено откако синоќа во него удрило комбе во скопското село Грчец.

Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: ДЕЦАТА ЗАМИНАА, РОДИТЕЛИТЕ ОСТАНАА СО КЛУЧОТ ОД ПРАЗНАТА КУЌА – Дали Македонија станува земја на осамени родители?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОХРИД – Од денеска забрана за паркирање на булеварот „Туристичка“, следуваат засилени мерки пред самитот

ДЕСК

МАЛОЛЕТНИК НАПАДНАТ ВО ПАРК ВО АЕРОДРОМ – Мајката пријавила инцидент во полиција

ДЕСК