23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Масовниот убиец од Нов Зеланд изваден пред суд и со насмевка на лицето упати предупредувачки знак

Австралјанецот, Брентон Тарант, кој што вчера во две џамии во Нов Зеланд уби 49 лица изваден е пред истражен судија кој што му соопшти дека останува во притвор до 5 април без кога и му почнува судењето. Тој во оваа прилика покажа и знак со рацете, за кој може да се каже како повик за понатамошно делување.

Тарант пред судот беше донесен со лисици и во бело затворско одело. Тој не се изјасни по прашањето обвинет за убиства, па повторно на обвинителна клупа ќе седне на 5 април кога и веројатно ќе сочи со ново обвинени.

Но она што најмногу привлече внимание за време на неговиот престој во судот и пред судијата, е неговиот насмеан лик и знакот „Ок“ кој што знначи „супериорност на белата раса“. Ваквиот гест после масакрот во кој убива муслимани претставува дополнителна провокација за меѓурасни и етнички немири.

Инаку судењето е затворено за јавноста од безбедносни причини, а се набљудува и со полициски хеликоптер.

Спонзорирано: