23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поради ова девојче убиецот започна да пука во џамиите: Малата Швеѓанка била убиена од исламист во Стокхолм, па следуваше одмазда

Убиецот во Нов Зеланд кој го згрози светот со нападот и уби 49 луѓе, наводно делото го сторил од одмазда, пишуваат медиумите.

За еден од главните мотиви за масакрот во двете џамии во Нов Зеланд, Тарант го наведе убиството на 11-годишната Еба Акелунд која што го загуби животот во терористичкиот напад во Стокхолм во 2017-та година.

Тогаш Узбекистанецот Рахмат Акилов, инаку радикален исламист со камион влета во толпа народ при што усмрти пет лица, а меѓу жртвите беше и Еба која во моментот на нападот, се враќала од училиште.

„Не можев повеќе да ги игнорирам терористичките напади. Тоа се напади на моите луѓе, напади на мојата култура, напади на мојата вера и мојата душа. Не можам да ги игнорирам“, напишал Тарант кој тврди дека „нејзината насилна смрт го натерала да го стори ова“.

Инаку, гробот на убиеното девојче во терористичкиот напад во Стокхолм еден мигрант повеќе од 30 пати го осквернавил, а полицијата иако повеќе пати го апсела, тој и натаму е на слобода.
Таткото на Еба ги обвинува шведските власти дека сносуваат директна одговорност за смртта на неговата ќерка, тврдејќи дека Узбекистанецот Акилов требало да биде навреме депортиран заедно со останатите мигранти. Според него, доколку шведските власти ги депортирале, сега неговата ќерка и останатите жртви ќе биле живи.

После вооружениот напад во Крајстчрч, уапсени се четири лица, а меѓу нив е и самиот напаѓач Тарант кој нападот го пренесувал во живо на Фејсбук. Тој на 73 страници напишал антимигрантски манифест во кој објаснува кој е тој и кои се причините поради кои го извршил масакрот.

Спонзорирано: