21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Протекоа фотографии од аеродромот – убиецот од Нов Зеланд патувал по светот

Терористот Брентон Тарант, кој уби 49 лица во две џамии во Нов Зеланд, патувал во Турција повеќе пати.

„Веруваме дека осомничениот патувал низ Европа, Азија и Африка“, рекол еден од началниците наведувајќи дека се истражува неговото движење во Турција и дали таму воспоставил некаков контакт.

Тој во Турција престојувал од 17 до 20 март и од 13 до 25 септември 2016 година. Истражувачиоте се сомневаат дека можеби во овааз емја барал потенцијална мета.

Освен тоа бугарските власти навеле дека Тарант престојувал во таа земја минатиот ноември, а посетил и бројни историски места. Патувал и на Балканот, прво во Србија, а потоа заминал во Босна и Херцеговина и на крај во Хрватска.

Според фотографиите на друштвените мрежи, патувал и во Пакистан и во Северна Кореја.