8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Многу повредени вечерва во Прилеп – Комбе се судри со автомобил, ова се првичните информации

Страотна сообраќајка вечерва се случи во Прилеп, нешто по 22 часот, а според неофицијални информации повредени се десетина лица.

Како што известува порталот Инфо Компас, до сообраќајката дошло кога на раскрсницата на „Александар Македонски“ и „Димо Наредникот“ имале судир автомбил и комбе.

Инаку неофицијалните информации на Centar.mk се дека нема жртви во тешката сообраќајка.

Centar.mk во секој момент очекува официјална потврда и официјални детали за настанот од МВР, по по шо ќе ја информираме јавноста за епилогот од вечерашната сообраќајка.