13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицковски се огласи по апсењето на Чавков

Лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски излезе со тврдење дека апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков е осветољубие.

Тој во интервју за телевизијата Сител, вели дека на мафијашки пристап било следено лицето кое што требало да биде осудено, па се приведувало, а тоа се темелело на службена белешка, за која лидерот на ВМРО ДПМНЕ вели дека била помалку или повеќе симтоматилна.

Мицкоски очекува вкупна бројка од 100 години затвор за обвинетите во настаните до 27 април.

Од СДСМ веднаш реагираа, коментирајќи го Мицкоски дека ако процеост против осомничените и обвинети за настаните од 27 април е Нирнбершки процес, како што претходно тврдел тој, дали тој признава дека се водел процес против злосторства против човештвото организирани од фашистичка власт, бидејќи Нирнбершкиот процес е всушност тоа, порачаа Социјалдемократите.

Инаку на 27. април 2017-тата година при изборот на Претседател на Собранието од страна на тогаш новоформираното мнозинство и по повеќемесечни блокади, поголема група демонстранти, на која и беа отворени вратите од внатре во Собранието влезе во законодавниот дом и изврши насилство врз пратениците на СДСМ и тогашната опозиција, кои завршија со повреди. Меѓу нападнатите и повредени беа Заев, Спасовски, Шеќеринска, Села… После ова обвинителството покрена истрага во која се обвинети екс-високи функцонери на ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои и Митко Чавков, кој беше уапсен вчера, а поради сомнеж дека ќе избега. За истиот случај обвинет е и Никола Груевски, кој во моментов е во бегство во Унгарија, каде ужива азил.

Спонзорирано: