Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Приведувања по трагедијата кај Ласкарци

Утрово се приведени неколку лица, меѓу кои и сопственикот на компанијата “Дурмо Турс”, чиј автобус имаше тешка сообраќајка на 13-ти февруари годинава, при што загинаа 15 лица, а десетици беа повредени.

Приведен е и шоферот на автобусот кој беше еден од повредените, дознава Centar.mk

Со цел да се расчистат дилемите околу страшната несреќа која ја зави Македонија во црно, за попладнево Јавното обвинителство најави прес конференција на која ќе ги соопшти деталите.