8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде вонредно метео предупредување: Циклонот дојде и носи силен ветер, снег, дожд и температурите ќе паднат за 15 степени

Денес во ноќните часови и утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и во местата повисоки од 500 м.н.в. со врнежи од снег.

Ќе дува силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час.

Дневната температура значително ќе се намали, на повеќе места ќе биде за околу 15 степени пониска во однос на денешната.

Утре попладне врнежите ќе престануваат, а во среда ќе има преодна стабилизација. Нови врнежи се очекуваат во четврток.