Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Локвенец: МВР и Спасовски денес го враќаат угледот и довербата во полицијата изгубени за време на ВМРО-МВРО

ВМРО-ДПМНЕ е навиканто од Министерството за внатрешни работи да создава механизам за уцени, закани и конструирање на случаи против политичките неистомисленици и затоа чесната, професионалната и одговорната работа на МВР за нив е непозната категорија, истакна пратеникот од СДСМ и коалицијата, Хари Локвенец во своето обраќање на 86. Седница на Собранието на Република Северна Македонија.

– Токму министерот Оливер Спасовски е тој кој што година и половина од кога е министер работи на тоа министерството и полицијата да ги врати во вистинската насока . Ако во минатото полицијата служела за одмазди и закани, за режирани апсења и случаи, за заташкување на кривични дела и за изборни нерегуларности,со што угледот на полицијата беше уништен, а граѓаните ја изгубија довербата во институциите, денес се работи за владеење на правото и функционирањето на правната држава.- рече пратеникот Локвенец

Локвенец истакна дека интерпелацијата за Спасовски е неоснована и е крајно несериозен потег на опозицијата.

– Денес на неполни две години од доаѓањето на оваа влада се променија многу работи. Денес знамето на НАТО се вее пред македонската влада, денес не се зборува за меѓуетнички конфликти и дестабилизирачки сценарија, туку за глобални безбедности предизвици и справување со нив, зборуваме за успешноста на реформите, а не за злоупотреба на институциите. Сето тоа е напредок, а не уназадување – заклучи Локвенец.

Во тренд…