Секогаш во средиштето на збиднувањата...

ВИДЕО: Путин има моќно оружје, а медиумите објавија снимка од оружјето кое може да го ослепи непријателот, подоцна видот се враќа

Откако британските медиуми објавија дека руската флота има ново оружје, кое предизвикува халуцинации, руската ТВ станица објави снимка од тој систем.

Имено, објавена е снимка од тестирањето на станиците за визуелно-оптичко сметање кое се вика „Филин“.

Станува збор за одбранбен комплекс, кој неутрализира нишани, уреди за ноќен вид и системи за наведување противтенковски водени ракети на оддалеченост од 5 километри.

Прво на брдото се вклучува нешто налик силен рефлектор, после што се префрла на „режимот пречење„, кој може да го ослепи противникот, да предизвика халуцинации кај непријателскиот војник и да ја исфрли неговата опрема.

Овој систем може да го ослепи противникот на оддалеченост од 2 километри, при што ефектот на дејството на станицата е привремен, подоцна се враќа видот.

Во тренд…