11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Убиство во Македонија – познат идентитетот на починатиот

Вчера околу 23:50 часот пријавено е дека во угостителски објект на улица „29 Ноември“ во Тетово, Л.Д. (46) од Тетово пукал во А.А. ( 46 ) од Тетово, со кого претходно, заедно со уште неколку лица седеле на една од масите и консумирале алкохол, и му нанел смртоносна повреда.

Л.Д. сам се пријавил во Полициската станица Тетово, а во врска со случајот лишени се од слобода уште две лица М.А. (31) од Тетово и Л.Р. (37) од с.Лисец, а едно само се пријавило.По наредба на јавен обвинител, телото на А.А. е дадено на обдукција и се работи на целосно документирање на случајот.