23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Еден од најбараните мафијашки босови во Италија фатен по 14 години бегство

Во Наполи, по 14 години бегство, фатен е италијанскиот мафијаш Марко Ди Лауро, објави „Гардијан“. Триесетиосум годишниот „супер бегалец“ е приведен без противење во скромен стан, каде живеел со сопругата во населбата Чиајано, соопштила полицијата.

Тој седел со своите две мачки и јадел тестенини, кога полицијата го фатила во операција во која учествувале околу 150 припадници на безбедносните сили.

Шефот на полицијата во Наполи изјавил дека невообичаени активности довеле до осомничениот, кој претходно бил осуден за криминално здружување. Полицијата не нашла никакво оружје во станот, само мала количина на пари.

За Ди Лауро во 2005 година била распишана меѓународна потерница и бил еден од четворицата најбарани криминалци во Италија. Тој четвртиот син на Паоло Ди Лаура, некогашен мафијашки шеф на наполитанската Камора.

Италијанските емдиуми пишуваат дека се работи за втор најопасен човек во ИТалија, веднаш по сицилијанскиот мафијашки бос, Матео Месина Денара.