Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шестмина Кинези уапсени кај Лојане, сакале нелегално да влезат во Македонија

Шест кинески државјани се уапсени во реонот на село Лојане. Според информациите од МВР тие нелегално сакале да влезат на територијата на нашата земја.

„На 10 март во 11 часот во реонот на село Лојане мото патрола при обид за нелегално поминување на државната граница од Република Србија кон Република Северна Македонија затекнала шест лица од Кина. Лицата се приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Спонзорирано: