8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Северна Македонија ќе добие ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците

Група пратеници од владејачкото мнозинство, меѓу кои Артан Груби, Зеќир Рамчиловиќ, Џеват Адеми, Реџаил Исмаили, во Собранието предложија измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа и на Законот за Владата. Со измените се предлага да се основа ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Станува збор за две точки кои се ставени на дневен ред на седницата на Собранието на 14 март.

„Заради функционирање на државата во делот на работите поврзани со политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковниот договор и принципите кои произлегуваат од овој Договор како и унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија, се појави потреба да се основа ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците“, пишува во законското образложение.

Покрај предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, пратениците предлагаат и измени на Законот за Владата. Целта на овој предлог-закон е да се направи усогласување со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, во кој се предвидува основање на ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во двата прелодожени текста се предлага законско бришење на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Предлогот-законот повлекува обврска за обезбедување дополнителни финансиски средства за неговото спроведување од Буџетот. Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“ а ќе отпочне да се применува од 1 јуни 2019 година.

(Makfax)

Спонзорирано: