10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Трамп побара укинување на кинеските царини

Претседателот на САД, Доналд Трамп, побара од Кина да ги укине царините на американските производи, меѓу кои и на свинското и говедското месо.

Трамп на „Твитер“ наведе дека укинувањето на тие царини е многу важно за прекрасните американски фармери, но и за него самиот.

Американската влада во јули лани почна со постепено воведување царини на кинеската стока како притисок врз Пекинг да ја смени политиката која, според САД, ѝ пречи на странската конкуренција и ѝ се заканува на американската технологија.

Трамп, меѓутоа, не спомена дека кинеските царини се воведени како одговор на неговите потези.

Спонзорирано: