10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Милошоски, Јанушев и Божиновски на списокот на антикорупциската комисија за вработување роднини

Антонијо Милошоски, Игор Јанушев и Кирил Божиновски се на новиот список на антикорупциската комисија за можен непотизам при вработувањето на нивните роднини.

Антикорупциската комисија отвора нови предмети за непотизам и судир на интереси за функционери на власта, но и на претходната власт. Списокот се прошири за 40-ина нови имиња, меѓу кои за Кристина Божиновска, сопруга на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски вработена во АЕК, за Љубе Јанушев, татко на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на ЈСП, Игор Јанушев, како и за неговата сестра Верица Јанушева, вработена во МВР. Потоа, за братучедите и вујкото на пратеникот Антонијо Милошоски.

На листата се најдоа и ќерката на поранешната претседателка на Уставниот суд, Елена Гошева, ќерката на судијата Реџепагиќ, како и роднини на членовите на Судскиот совет, советници во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, случаи што ги обелодени СДСМ.

На списокот на ДКСК не изостанаа и актуелните пратеници од владејачкото мнозинство, министри и други функционери за кои секој ден на прес-конференција јавува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Сите случаи се отворени по допрен глас, а од антикорупциската комисија велат дека се истражува дали имало судир на интереси и влијанија при вработувањето на роднините на функционерите во државни институции.

Антикорупционерите ќе поведат прекршочна постапка за поранешниот министер Азис Положани, кој бил избран за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“, а не доставил анкетен лист за неговата имотна состојба. Положани беше избран за ректор во април 2018 година и сè уште немал доставено анкетен лист.

Претходно, ДКСК отвори отвори 18 предмети за вработувања за кои ќе се проверува дали имало судир на интереси. Тие се уште не се завршени , со образложение дека се собираат податоци.

(Makfax)

Спонзорирано: