22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Државата силно се грижи за граѓаните: Александар Кирацовски најави големи промени во Законот за дискриминација, казните за дискриминаторите ќе бидат високи, а дискриминираните ќе бидат ослободени од судски трошоци при тужба

Мораме да дадеме приоритет на заштитата на правата и слободите на граѓаните и на борбата за еднакви можности во ова наше заедничко општество.Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе биде изгласан во Собранието до средината на март, напиша Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и пратеник во македонскиот парламент

– Претходно Комисијата за труд и социјална политика во Собранието ќе заседава ќе си ги заврши своите обврски поврзани со овој закон.Со измените за прв пат сексуалната ориентација и родовиот идентитет се воведуваат како основи за дискриминација.Се додава нов облик на дискриминација со кој треба да се справуваме – сегрегацијата.Надлежностите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се прошируваат во насока на превенција. Новиот Закон предвидува јасни критериуми за избор на членови на Комисијата, а истите добиваат статус на функционери, со цел да се професионализира Комисијата, вели Кирацовски.

– Здруженијата на граѓани и неформалните групи кои имаат оправдан интерес за заштита на одредена група или се занимаваат со заштита од дискриминација, ќе можат да поднесат тужба, ако со постапувањето на тужениот се дискриминирани поголем број лица.Се ослободуваат од судски трошоци лицата коишто ќе поведат судска постапка за заштита од дискриминација и се зголемува износот на прекршочните одредби за правни и физички лица за кои ќе се докаже дека сториле дискриминација., најавува Кирацовски.