5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски до Затуровска: Безбедноста е зголемена со заминување на „бандитите“ од власт

Министерот Оливер Спасовски, и одговори на пратеничката Лилјана Затуровска која го обвини Спасовски за тоа дека нема контрола на безбедносната ситуација и дека требало да поднесе одговорност.

„Безбедноста е зголемена со заминување на „бандитите“ од власт“, го почна говорот во Собранието Оливер Спасовски и додаде:

„Многу е лесно да седите и да пишувате лажни вести, што е одлика на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. За изчезнатите да ви кажам дека ја злоупотребувате ситуацијата и правите фама во јавноста. Еве ви бројки. Во 2014 година кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, премиер Никола Груевски и министер за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, исчезнати биле 554 лица. Во 2018 година кога министер е Оливер, премиер Зоран Заев, 370 лица пријавени за изчезнати. Оној кој малку се разбира во математика, ќе разбере.

Има зголемување на пронаоѓање на кривичните дела благодарение на вас. Вашите функционери проневериле 1.4 милијарда денари, пари на народот и сето тоа е пронајдено и документирано.

Згора на тоа направивте циркус со Куманово кога загинаа осум полицајци, и оној случај на 27 април кога извршивте удар врз уставот и уставниот поредок со упадот во Собранието. Треба да бидете засрамени“, реплицираше Спасовски.

(извор ТВ21)

Спонзорирано: